Првиот човек на „Билд“,
Кристиан Фалк потврди дека ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц признал дека
веќе си замислува како игра за Челси, а навивачите на Челси го опишаа дефанзивецот,
инаку сонародник на Хаверц, Рудигер, како „агент“ во операцијата за преселба на
Хаверц во Лондон.
21 годишниот плејмејкер
Хаверц игра во неверојатна форма во дресот на Баер Леверкузен сезонава,
постигнувајќи 15 погодоци, а дополнително запишувајќи уште и осум асистенции,
со што стана еден од најбараните фудбалери на европскиот пазар.
Фалк дополнително
потврди дека постојат и преговори за трансфер на Хаверц во Челси, меѓутоа Фалк
наведува и дека Челси не е единствениот клуб кој се обидува да дојде до
потписот на Германецот.
Во однос на
шпекулациите со Хаверц, вреди да се додаде и тоа што го прави Антонио Рудигер
изминатиов период за желбите на Челси на трансфер пазарот полека но сигурно да
стануваат реалност.
Најпрво се
наведуваше дека Рудигер наводно помогнал да се убеди Тимо Вернер од Лајпциг да
се пресели во Челси за трансфер вреден 53 милиони фунти, а со неделна плата на
напаѓачот во висина од 180,000 фунти, се уште не е официјално, но е на прагот
оваа вест да добие таков статус.
Меѓу другото,
истовремено се шпекулира дека стоперот помага и во обидите да се убеди Хаверц,
а откако му честиташе роденден на својот сонародник на социјалните мрежи,
интересни беа реакциите на навивачите на „Сините“.
„Тој точно знае
што прави, веќе ме убеди во тоа“ напиша еден навивач, а друг се надоврза „Тој
веќе ни го договори Вернер, а сега прави обиди за Хаверц! Агентот Руди се врати“.
