Хаверц донесе минимална победа за Баер Леверкузен од гостувањето кај Фрајбург (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Каи Хаверц
продолжува со блескавите изданија во дресот на Баер Леверкузен, па така
фудбалерот за кого постои голем интерес од европските гиганти денес донесе
минимална, но мошне значајна победа за својот тим од гостувањето кај Фрајбург.

Во првото
полувреме мрежите мируваа, а голот за победа на гостите Хаверц го постигна во
54. минута, откако умешно се снајде во казнениот простор на домаќините по
употребливата топка од Бејли.

Дека Хаверц игра во неверојатна форма, доволно говори статистичкиот податок за него, кој вели дека денешниот гол е негов петти од враќањето на Бундеслигата на програмата по суспензијата поради пандемијата од коронавирусот. Инаку Хаверц е првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој постигнал 35 погодоци пред да наполни 21 година.

Со оваа победа,
Баер Леверкузен сега се искачи на третото место со 56 бода, осум помалку од
лидерот Баерн Минхен, односно еден помалку во однос на второпласираниот
Борусија Дортмунд. Веднаш под Баер Леверкузен е Лајпциг со 55 бода, а водечката
петорка во моментов ја заокружува Борусија Менхенгладбах со 53 бода.

Што се однесува
пак до Фрајбург, поразот за оваа екипа воопшто не е добредојден, со меч повеќе
заостанува четири бода во однос на шестопласираниот Волфсбург (42), односно бод
зад екипата која е над нив, Хофенхајм (39).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×