Стефано Пиоли доби засилување за офанзивата, „росонерите“ го купија Јенс Петер Хауге. Младиот Норвежанец постигна прекрасен гол и забележа асистенција на Сан Сиро пред седум дена, па тоа беше доволна препорака за Милан да ги забрза преговорите со Бодо/Глимт и за кратко време падна договор за трансфер од 5 милиони евра.
„Милан е еден од најголемите клубови во светот, има седум титули во Лигата на шампиони. Се работи за тим кој е креиран за победи и кој сака да освојува титули. Па ми одговара. Чувствувам дека ќе бидам дел од група во која ќе можам да додам допринос, група слична како онаа во Бодо/Глимт, па со нетрпение ја чекам новата авантура“ – вели 20 годишниот Јенс Петер Хауге.
„Секако дека сум тажен што си одам сега, на сред сезона, но сите страни – јас, Бодо/Глимт и Милан – сме задоволни од зделката и ова е најдобрата одлука“.