177
Хари Кејн беше критикуван дека е бледа сенка на оној од минатата сезона, но напаѓачот денеска покажа дека не заборавил да дава голови.
Во игра влезе во текот на второто полувреме, погоди во 68. минута за 3-1, осум минути подоцна даде гол за 4-1 и во 87. минута ги постави конечните 5-1. Претходно за Тотнем погодија Деле Али од пенал и Ло Селсо.
Дали овој хет-трик ќе допринесе за подобрување на формата на Кејн и во Премиерлигата, останува да видиме.
Вториот голем фаворит во Конференциската лига, Рома победи со 3-0 кај Зорја. Головите ги постигнаа Ел Шарави, Смолинг и Абрахам.
Партизан со 2-0 славеше над Флора со два гола на Марковиќ во првото полувреме.