Оукленд Сити е единствениот полу-аматерски клуб со настап на Светското клупско првенство, голманот Скот Трејси открива дека бил тролан и од сопствениот брат кога дознале дека ќе бидат во иста група со Баерн Минхен.
Баерн Минхен во 18 часот по македонско време се среќава со Оукленд Сити во вториот натпревар на новото Светско клупско првенство.
„Баварците“ се огромни фаворити и само прашање е колку пати ќе ја затресат мрежата на противникот со оглед на тоа дека Оукленд Сити е единствениот полу-аматерски клуб на турнирот во САД.
„Претходно игравме на само еден натпревар (старото Светско клупско првенство, кое сега се вика Интерконтинентален куп) па се подготвувавме на друг начин. Тоа е едно уникатно искуство, но сега ќе одиграме три натпревари, и тоа големи натпревари, против поголеми клубови, па ова е фантастично“ – вели голманот Скот Трејси.
„Сите заедно го гледавме извлекувањето на групите, и кога го добивме Баерн Минхен сите почнавме да се смееме. Брат ми се сврте и со смеење ми рече, „Мисли му ја, Хари Кејн ќе ти даде 10 гола!““
Добар дел од фудбалерите на Оукленд Сити имаат и други обврски надвор од терените, некои имаат полно работно време, некои скратено работно време, а има и такви кои студираат.
Скот Трејси работи како супервизор во магацин за ветеринарна опрема, и ја надгледува дистрибуцијата на фармацевтски производи, храна и лекови до ветеринари низ цел Нов Зеланд.
Па тој, како и многу други, или работеле прекувремено или земале неплатено отсуство за да дојдат во САД.
„Кога и се приклучив на компанијата, им кажав, „Видете, јас веќе сум посветен на фудбалот, па ако ме ангажирате, мора да го прифатите ова. Не е лесно да се тренира и да работите полно работно време. Често сонце не гледаме – цел ден работиме, а потоа одиме на тренинг и се враќаме дома во 9 или 9 и 30 навечер. Навистина е тешко за момците кои имаат и семејства“.
Auckland City GK Conor Tracey on playing at the CWC:
— george (@StokeyyG2) June 15, 2025
"I’ve got to do a combination of annual leave and leave without pay. I'll be suffering a bit with the rent and bills and stuff like that, but to play against Bayern, Benfica and Boca, 100% it's worth it.
What a story 👏 pic.twitter.com/Zo6K9V7Lip
„Ќе комбинирам со годишен одмор и неплатен одмор. После ќе имам проблем со кирија и сметки, но сето ова вреди со оглед на тоа дека ќе играм против Баерн, Бенфика и Бока“ – рече Конор Трејси во едно интервју претходно.
ФОТО: aucklandcityfc.com