Хаос во Србија: Брутална тепачка на натпревар од пониските лиги (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот од Првата новосадска лига помеѓу екипите на Фрушкогорски Партизан и Индекс заврши со сериозен инцидент, откако дојде до масовна тепачка меѓу фудбалерите на двата тима.

Според информации од теренот, тензиите кои се чувствуваа уште од почетокот на натпреварот кулминираа во физичка пресметка, во која учествуваа играчи од двете екипи.

Среќна околност е што на трибините имаше зголемено полициско присуство, па органите на редот брзо интервенираа и спречија ескалација со потешки последици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани