Хаос во Серија А, четири натпревари нема да се играат, но не се одложени!

by
1 минути читање

Болоња – Интер, Аталанта – Торино, Салернитана – Венеција и Фиорентина – Удинезе се мечевите кои нема да се играат денеска.

Болоња, Торино, Салернитана и Удинезе не може да играат, поради голем број на позитивни случаи со ковид-19 овие клубови имаат наредба за пет дневен карантин од локалните власти.

Но, нивните противници ќе се појават на терените и ќе ги добијат натпреварите со службени 3-0.

Ваков случај веќе имаше минатата сезона, на дуелот меѓу Јувентус и Наполи.

Италијанските медиуми очекуваат иста разврска и тука. Сценариото од мечот меѓу Јувентус и Наполи да се повтори.

Интер, Аталанта, Венеција и Фиорентина ќе се појават на откажаните натпревари и ќе поседат едно полувреме. По што мечевите официјално ќе бидат прекинати и регистрирани со 3-0, екипите кои не се појавиле покрај поразот ќе добијат и казна од 1 бод.

Потоа ќе следува жалба од страна на Болоња, Торино, Салернитана и Удинезе која ќе биде усвоена и првичните одлуки ќе бидат поништени па мечевите ќе се преиграат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×