Хаос во Чемпионшип: Хал сега сака директно да влезе во Премиер лигата!

by riste
2 минути читање

Англија ја тресе фудбалски скандал во Чемпионшип, Хал не сака да игра финале против Мидслброу, сака директен влез во Премиер лигата.

ФА одлучи да го суспендира Саутемптон поради шпиунажа на тренинг на Мидлсброу. Одлуката е Саутемптон да биде суспендиран, а финалето за пласман во Премиер лигата против Хал да го игра Мидлсброу.

Но, сопственикот на Хал, Акун Иликали, реагира на ваквата одлука. Тој смета дека тие треба директно да одат во финале. Вели дека е неправедно на три дена пред почетокот на мечот да им дадат друг противник бидејќи тие со денови тактиката ја подготвувале за Саутемптон.

„Ако финалистот биде дисквалификуван, мора да одиме директно во повисок ранг. Ако Саутемптон го изгубеше натпреварот на зелената маса, немаше да имаме забелешки, но на крајот беа дисквалификувани. Во нормални околности, ако финалистот биде дисквалификуван, би морале ние директно да одиме во Премиер лигата“, рече сопственикот на Хал.

Според него, промената на противникот само неколку дена пред финалето сериозно го нарушила подготовките на неговиот тим.

„Се подготвувавме за Саутемптон десет дена. Сите анализи и планирање беа фокусирани на нив. Сега, три дена пред финалето, противникот е сменет“, рече Иликали.

Целиот случај предизвика голем хаос во англискиот фудбал бидејќи сè се случува во пресрет на највредниот натпревар во сезоната. Финалето од плејофот за Премиер лигата традиционално се смета за еден од најважните финансиски дуели во светскиот фудбал. Победникот од натпреварот влегува во Премиер лигата и обезбедува огромен приход, проценет на околу 300 милиони евра преку телевизиски права, спонзорски договори и комерцијални приходи.

Според моменталниот распоред, Хал Сити и Мидлсбро треба да го играат финалето в сабота, 23 мај, со почеток во 18:30 часот. Натпреварот треба да го одреди третиот патник во Премиер лигата. Но, со оглед на тоа што Хал ќе поднесе жалба, останува прашањето дали целата работа може да предизвика дополнителни компликации и потенцијално да ги промени плановите пред Вембли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×