Хаос со ковид-19 во Манчестер јунајтед, неизвесен мечот со Брентфорд

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед е во преговори со Премиерлигата околу тоа колку е возможно да се
одигра утревечерниот меч кај Брентфорд во рамките на 17 коло од најсилниот
фудбалски шампионат на Островот.

Сето тоа поради
неколкуте заразени со ковид-19 во редовите на „Црвените ѓаволи“, а засега во
однос на имињата се
се
сведува само на шпекулации, па јавноста остана покуса да дознае информација
повеќе за тоа кој е заразен, а кој е во можност за настап.

Како и да е, „Атлетик“ сепак извести дека станува збор за мал број на фудбалери, а останува отворено прашањето за каква мала бројка се работи, но и дел од стручниот штаб кои
имале позитивен исход на тестирањето, а клубот преку соопштение за јавноста
објави дека е затворен тренинг центарот во следните 24 часа за да се намали
проширувањето на заразата.

Сојот „Омикрон“
предизвика големи проблеми на Островот, а со слични на оние со кои се соочува
Манчестер јунајтед, се соочи и Лестер, а како за потсетување, сето тоа започна
со хаосот во Тотнем кој придонесе за одложување на мечот со Брајтон изминатиов
викенд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани