Хаос на фудбалски натпревар во Босна (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Неверојатни сцени
пристигнуваат од еден фудбалски натпревар во нисколигашкото друштво во Босна и
Херцеговина, поточно натпреварот помеѓу Будуќност од Лукавица и Рудар Букиње.

Домашните
навивачи ги нападнаа делителите на правдата на чело со Алмир Кариќ веднаш
откако гостите го постигнаа голот за дуплирање на водството, односно за 0-2, со
што практично го решија прашањето за победникот на таа пресметка.

Според извештаите
од таму, се наведува дека полицијата пристигнала на стадионот дури во 60 минута
од натпреварот, а ситуацијата ескалирала веднаш по голот за водство од 0-2 за
гостите, а еден од помошниците судии се здобил со повреди на главата. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×