519
Човекот кој лани им ги донесе сите титули на Баварците, го напушта клубот по крајот на оваа сезона.
„Само што им кажав на фудбалерите дека веќе го известив клубот по елиминацијата од ПСЖ дека сакам да го прекинам договорот. Ми беше важно играчите да слушнат од мене“, изјави Флик за „Скај Спортс“ по денешната победа над Волфсбург од 3-2.
Се шпекулира дека Флик ќе стане нов селектор на Германија.
Фаворит на Баерн Минхен за негов наследник е Јулијан Нагелсман, но не се очекува преговорите со Лајпциг да бидат лесни.