Ханси Флик откри која одлука му била најтешка оваа сезона

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека најтешката одлука оваа сезона ја имал кога решил на клупа да го седне голманот Ињаки Пења и како прв чувар на мрежата да го промовира Војчех Шчесни.

Ханси Флик во својата прва сезона на кормилото на Барселона оствари голем успех и домашна тројна круна откако донесе трофеи во Суперкупот на Шпанија, Купот на Шпанија и Ла Лига.

На средбата со новинарите, стратегот беше запрашан за тоа која одлука му била најтешка.

„Би рекол дека тоа беше одлуката да го одберам Војчех Шчесни како број 1, а Ињаки Пења да се пресели на клупа“ – вели Ханси Флик.

„Ињаки тешко го прифати ова, изминативе неколку месеци беа навстина болни за него“.

Стратегот не го заборави и докторот Минаро, кој почина непосредно пред натпреварот против Осасуна во март месец.

„Најтешкиот момент од емоционален аспект беше смртта на Карлес. Повеќе не е со нас, но сигурен сум дека би бил многу горд на овој тим. Секогаш ќе го носиме во мислите, засекогаш ќе има место во нашите срца“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани