Ханси Флик е на прагот да испише нова златна страница во историјата! Германецот може да им се приклучи на легендите Пеп Гвардиола и Луис Енрике и да освои тројна круна. А со веќе освоениот Суперкуп, Флик има шанса да стигне до вкупно четири трофеи сезонава.
Импресивно е што поранешниот селектор на Германија не знае за пораз кога е најважно – во финалните мечеви. Секогаш кога играл за трофеј, излегол како победник, оставајќи белег што ретко кој може да го достигне.
Досега има совршен учинок „седум од седум“ во финалиња! Покрај ова финале со Барселона, Флик претходно го освои Суперкупот во Саудиска Арабија, а пет трофеи подигна со Баерн Минхен: Лига на шампиони, УЕФА Суперкуп, ДФБ Куп, Суперкуп на Германија и Светско клупско првенство.