Интер одигра само 0-0 на свој терен против Шахтар и трета година по ред ги разочара фановите не успевајќи да ја помине групата во Лигата на шампионите.
„Групата беше избалансирана, мислам дека тука и во Киев загубивме. Можевме да направиме повеќе, но нема време за плачење врз растурено млеко, треба да се фокусираме на Серија А и Купот на Италија“, вели Хандановиќ.
„Јасно е дека Интер се уште не е подготвен за Лигата на шампионите. Бодовите зборуваат јасно, победивме само на еден натпревар од шест, тоа не е доволно, не заслуживме да одиме понатаму“.
„Требаше да дадеме гол вечерва, не го направивме тоа, јас очекував дека Шахтар ќе сакаат да направат нешто повеќе од реми, но изгледа се задоволија со третото место“.
„Сега го имаме тој горчлив вкус во устата по елиминација од Лигата на шампионите, но не можеме да плачеме поради тоа, треба да се фокусираме веќе на следниот меч во Серија А“.