131
Себастијан Тил минатиот
месец се прослави откако постигна погодок на Сантијаго Бернабеу за огромно
изненадување и триумф на Шериф на гостувањето кај Реал Мадрид во Лигата на
шампиони.
Бајката на
фудбалерот од Луксембург продолжи и вечерва со гол на „Џузепе Меаца“. На
стартот од второто полувреме помеѓу Интер и Шериф, гостите имаа слободен удар
на околу 30 метри. Самир Хандановиќ како да го потцени противникот и постави
само тројца во живиот ѕид, но Себастијан Тил одговори со „голчите“ и изедначување.
Радоста сепак
кратко траеше, Видал набрзо донесе водство за Интер од 2-1, а потоа и Де Врај
погоди за 3-1.