Хандановиќ до Сари: Паметиш што направи Биелса, зошто не го стори истото?

by
1 минути читање

Лацио во саботата
со 3-1 го солава Интер, но мечот остана во знакот на контроверзен погодок на Фелипе
Андерсон. Бразилецот погоди за водство од 2-1 во моменти кога Димарко лежеше на
тревата, потег кој ги налути гостите и за малку не дојде до сериозен инцидент.

Медиумите сега
откриваат детали од дискусија во соблекувалната помеѓу капитенот на Интер, Самир
Хадановиќ и тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

Хандановиќ го
прашал Сари, „Зошто не го сопре нападот?“, а тренерот се правдал, „Освен да ги
подигнам рацете и да сигнализирам, што друго можам да направам?“.

На овој изговор,
голманот на Интер порачал, „Можеше да го сториш она што го стори Биелса,
паметиш што направи тој?“.

Самир Хандановиќ
говори за гестот на тренерот на Лидс од 2019, кога неговиот тим против
Астон Вила постигна гол додека еден противник лежеше на земја. Популарниот
„лудак“ им нареди на своите фудбалери да пуштат Астон Вила веднаш да даде гол
за 1-1 и покрај тоа што со победа ќе го обезбедеа второ место на табелата и
директен пласман во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×