Марек Хамшик признава
дека во редовите на Наполи има голема тага по елиминацијата во Лигата на
шампионите, откако синоќа италијанскиот прволигаш загуби минимално на
гостувањето кај Ливерпул, а ПСЖ славеше кај Црвена звезда, па така, од првото
место, Наполи падна на третото место во таа група.
„Ние дадовме се’
од себе, но, едноставно тоа не беше
доволно, тажни сме…“ беа зборовите на Словакот по мечот на Енфилд, а тој
додава дека сега со нетрпение во тимот ги чекаат предизвиците во Лига Европа.
„Креиравме многу
шанси за гол, но, немавме среќа, имавме одлични натпревари против големи
клубови во Лигата на шампионите, игравме одлично, но, тоа не беше доволно, да
се доживее елиминација на овој начин боли, но, сега, со нетрпение ги чекаме предизвиците
во Лига Европа“ заклучи фудбалерот на италијанскиот прволигаш.