181
Колумбискиот фудбалер од 2014 до 2020 беше член на Реал Мадрид, но две години од тие ги помина на позајмица во Баерн Минхен.
Кога било јасно дека треба да си замине од Реал Мадрид, сакал да направи трансфер во Атлетико со цел да остане во шпанскиот град, но кралскиот клуб не се согласил со тоа.
„Да, беше речиси готово. Сакав мојата фамилија да биде до мене, договорот требаше да се комплетира, но се пропадна бидејќи Реал Мадрид не ме пушти да заминам“, изјави Хамес Родригез.