Хамес би можел во Милан за 10 милиони евра

by
1 минути читање

Колумбискиот
плејмејкер од редовите на Евертон, Хамес Родригез би можел да ги засили
редовите на италијанскиот вицепрвак Милан ова лето за сума од 10 милиони евра.

Хамес има уште
само една година од својот договор со Евертон, а за Премиерлигашот да го
избегне најлошото сценарио и тој да си замине без никакво обештетување, ова
лето ќе мора да прифати „симболична“ сума за негова продажба.

„Тутоспорт“
извести дека Милан ќе го ангажира 29 годишниот плејмејкер за 10 милиони евра
ова лето, а истовремено, клубот од Милано е подготвен и да му исплаќа поголема
плата на Хамес во однос на тоа што го заработува во Евертон, односно, се верува
дека Италијанците му нудат шест милиони евра од сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×