20 годишниот
напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд вели дека Златан Ибрахимовиќ и
Кристијано Роналдо се вистински феномени во светот на фудбалот, а на
Норвежанецот кој ја освои наградата за „Златно момче“ за 2020 година денеска ќе
му биде врачена истата во Торино.
Халанд не ги крие
импресиите кои ги стекнал гледајќи ги Ибрахимовиќ и Роналдо, тој вели дека бил
„маѓепсан“ од нивните изданија.
„Двајца шампиони,
двајца феномени во светот на фудбалот, бев маѓепсан гледајќи ги на ТВ“ вели
Халанд.
„Тие се идоли на
многу фудбалери, вклучувајќи ме и мене, тие се вистински пример за тоа како да
имате континуитет на успеси и да останете на врвот толку години“ додава
Норвежанецот кој потоа даде коментар и за легендарниот Диего Армандо Марадона
кој почина.
„Тој е еден од
најдобрите фудбалери на сите времиња, веројатно најдобриот, сиот фудбалски свет
го поздравува, еден неверојатен шампион, во мојот ум постојано ми се вртат
неговите фантастични потези и погодоци“ заклучи Халанд.