260
Борусија Дортмунд
славеше победа на гостувањето кај Бешикташ со 1-2, а головите за победничкиот
табор ги постигнаа Џуд Белингем и Ерлинг Халанд, кој можеше и до втор гол на
мечот.
Младиот
Норвежанец се најде во една одлична прилика каде имаше безмалку чист зицер за
да ја затресе мрежата на Турците, меѓутоа реагираше лошо во обидот, а топката
отиде далеку над голот по неговиот удар.
Инаку дел од навивачите на Бешикташ по крајот на мечот, додека Норвежанецот даваше изјава за медиумите му извикуваа „Дојди во Бешикташ“, по што следеше насмевка кај напаѓачот.