122
Манчестер
јунајтед и Челси веројатно ќе треба одново да размислат околу можниот ангажман
на Ерлинг Халанд, откако низ медиумите се појавија шпекулации дека норвешкиот
напаѓач ќе бара плата во висина од околу 30 милиони фунти на годишно ниво.
Со тоа што
откупната клаузула ќе му биде во висина од 65 милиони фунти идното лето,
европските гиганти веќе го активираа алармот за неговиот потпис, а „ЕСПН“
извести дека Норвежанецот нема да се штеди во своите барања во преговорите.
За Норвежанецот, освен Манчестер јунајтед и Челси, истовремено
како заинтересирани клубови се споменуваат уште Манчестер Сити, Ливерпул, Реал
Мадрид, Барселона, но и Баерн Минхен.