„Халанд ќе се пресели во Премиерлигата, таму се парите“

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд е
мета на гиганти ширум Европа, неговто име често се поврзува со клубови како
Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, ПСЖ, Барселона, Реал
Мадрид и Јувентус.

Се верува дека
тој по крајот на сезоната ќе направи трансфер, во неговиот договор ќе се
активира клаузула од 75 милиони евра (може да порасне и до 90 милиони), сума
која нема да биде проблем за најсилните клубови од стартиот континент.

Во разговор со
Билд, Арсен Венгер даде свое видување за иднината на Норвежанецот, и очекува
Ерлинг Халанд да направи трансфер во Премиерлигата.

„Очекувам тој да
се пресели во Премиерлигата. Економската моќ на клубовите од Англија е пресилна.
Англискиот фудбал доминира бидејќи таму се парите. Најдобрите играчи секогаш
одат таму каде што има најмногу пари“
– вели поранешниот тренер на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×