Во меч со пет голови, Норвешка со 3-2 беше подобра од Сенегал, два од погодоците беа дело на Ерлинг Халанд, Алжир со пресврт во второто полувреме ги освои трите бодови против Јордан совладувајќи го со 3-2.
Норвежаните го отворија резултатот во 43. минута со гол на Педерсен. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.
По три минути игра во вториот дел Халанд зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Сенегал се врати во игра преку Сар намалувајќи на 1-2.
Но, не се чекаше многу на следниот гол, веќе во 58. минута Халанд даде нов гол и ја врати предноста од два разлика за Норвешка, беше 3-1.
Конечните 3-2 ги постави Сар со својот втор гол на мечот, сега постигнат во судиското продолжение.
Алжир беше сериозен фаворит против Јордан, но не дојде лесно до победата.
Јордан во 36. минута дојде до водство со гол на Ал Рашдан. Со предноста влегоа во второто полувреме.
Алжир конечно во 69. минута преку Бенбоали израмни на 1-1, а во 82. минута Гуири погоди за комплетен пресврт и победа на Алжирците од 2-1.