Напаѓачката сензација Ерлинг Халанд се посилно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. А се чини дека и тој веќе почнал да размислува дека му е време за преселба во гигант.
Во саботата Борусија Дортмунд одигра 2-2 на гостувањето кај Келн, а по последниот свиреж на судијата Халанд видно нервозен од резултатот прв замина во тунелот.
На осум кола до крајот Борусија Дортмунд е на петтото место во Бундеслигата со четири бода за четвртиот Ајнтрахт. Играат и четвртфинале во Лигата на шампионите.
Халанд поставиил ултиматум до клубот дека доколку Борусија Дортмунд и следната сезона не игра во ЛШ тој ќе го напушти клубот и веќе му дал обврска на неговиот агент да ги разгледува опциите.
Фаворит за потписот на Халанд е Реал Мадрид.
Haaland didn’t look happy after the full time whistle pic.twitter.com/xNz2mVrGLi
— ESPN FC (@ESPNFC) March 20, 2021