Напаѓачот на
Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се очекува во летниот преоден рок да ја
промени средината, а се верува дека Реал Мадрид и Барселона водат голема битка
за неговиот потпис, а еден од неговите идоли јавно му упати совет за тоа каде
да ја продолжи кариерата.
Мигуел Перез
Куеста, попознат како Мичу, е познато дека е добар пријател со Халанд, а Норвежанецот
не криел дека поранешниот шпански напаѓач му е еден од најомилените фудбалери,
а токму тој смета дека најдобрата оцпија за Халанд е Барселона.
„Не верувам дека
тој ќе остане во Борусија Дортмунд, тој е во потрага по доста силна екипа која
може да претендира за титулата во Лигата на шампионите“ рече Мичу за „Кадена
СЕР“.
„Тој е во потрага
по компетитивна екипа, имав средба со него, разговаравме, ми даде чувство дека
е во потрага по долгорочен спортски проект, а јасно ми посочи дека му се допаѓа
Шпанија, тој повеќе преферира спортски проект, отколку да гледа од финансиска
перспектива“ додаде тој.
„Доколку Килијан
Мбапе потпише за Реал Мадрид, јас мислам дека Барселона би била одлична опција
за Халанд“ заклучи Мичу.