Хакими со два гола и посвета, Интер сврза три победи во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“
прокнижија нови три бода, на домашен терен со 3-1 ја своладаа Болоња.

Резултатот го
отвори Лукаку, напааѓчот одлично се снајде во 16. минута и погоди за 1-0. Пред
крајот на првиот дел, домаќините поведоа со 2-0. Брозвоиќ испрати долга топка, еден
од дефанзивците на Болоња ја промаши топката па Хакими се најде во гол шанса и
прецизно по земја биеше за дуплирање на предноста.

Мароканецот потоа
голот му го посвети на сонародникот
и поранешен фудбалер Мохамед Абархун, кој оваа недела
ја загуби битката со ракот и почина на 31-на годишна возраст.

Вињато во 67. минута
намали на 2-1 и најави интересна завршница, но 180 секунди подоцна Хакими по
една соло акција по втор пат ја затресе мрежата на Болоња за 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×