Минатото лето Интер го купи Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра. Мароканецот вели дека не е точно дека тој сакал да ја напушти Шпанија и да замине во клуб кај што ќе игра повеќе, едноставно Реал сакал да го продаде.
„Луѓето велат дека сум сакал да играм повеќе, но тоа не е точно. Мадрд беше мој дом, сакав да останам. Но клубот одлучи друго“, вели Хакими.
„Чувствував дека можам да играм во Реал Мадрид, но порад пандемијата тие имаа економски проблеми и сакаа да ме продадат“.
„Дали би се вратил во Реал Мадрид? Никој не ми се јавил од таму, имаа шанса минатата сезона да ме вратат, но одлучија поинаку“.
Хакими вели дека е среќен во Интер.
„Го гледав мечот меѓу Сасуоло и Аталанта. Ова е значајна титула за мене. Сите го чекавме резултатот на Аталанта. Мислам дека мојата прва сезона во Италија е многу позитивна“.
22-годишниот Хакими потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, потоа играше за вториот тим на кралскиот клуб, а во 2017 дебитираше за сениорите, следната сезона беше пратен на позајмица во Борусија Дортмунд каде остана две години по што беше продаден на Интер.