Гвардиола застана во одбрана на Стерлинг по промашениот пенал, а за Гарсија не крие дека би можел да си замине

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не е сигурен во тоа дали Ерик
Гарсија би останал фудбалер на „Граѓаните“ по крајот на актуелната сезона,
откако фудбалерот би можел да стане слободен играч на трансфер пазарот на лето
доколку не се промени неговиот статус во клубот, а воедно тој одби да стави
потпис на нов договор минатото лето.

Се надевам дека
тоа нема да се случи, меѓутоа можеби некој од Барселона знае повеќе од мене за
оваа тема
“ рече Гвардиола на прашањето дали Гарсија би можел да се пресели уште
месецов во редовите на Каталонците.

Навистина не
знам што ќе се случи, меѓутоа извесно е дека ќе се случи
“ додаде Гвардиола во
однос на фудбалерот кој инаку потекнува од академијата на Барселона, а во
Манчестер Сити се приклучи во 2017 година.

На
пресконференцијата во пресрет на мечот со Кристал Палас во недела се осврна и
на ситуацијата со Рахем Стерлинг, кој промаши пенал во дуелот со Брајтон, а тој
застана во целост во одбрана зад својот фудбалер.

Тој е од големо
значење за нас, се
што
успеавме да сториме во минатото, без него сигурно не би го сториле, тоа не би
било можно
“ рече Гвардиола.

Тој ќе
постигнува погодоци и во иднина, ќе реализира и асистенции исто така, ќе ни
помага и во иднина во остварувањето на целите, повеќе од среќен сум од неговиот
допринос за тимот
“ додаде предводникот на Манчестер Сити.

Од тоа што е
евидентно во играта на „Граѓаните“, факт е дека нивната доминација на теренот
не се отсликува на резултатски план како претходно, но Гвардиола наведува дека
секој натпревар е мошне тежок за фаворитите сезонава.

Доколку ги
погледнете резултатите на големите екипи, секој натпревар е комплициран, тежок,
кога ќе победите две неверојатни екипи како Челси и Манчестер јунајтед, сето
тоа е убаво, но реалноста беше Брајтон, и ние бевме апсолутно свесни за тоа,
игравме добро, креиравме доста шанси, но противникот беше тежок залак, одигра
одлично, секој меч е тежок, а така очекувам да биде и во недела
“ заклуќи
Гвардиола во пресрет на дуелот со Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×