547
На денешната прес конференција Пеп Гвардиола беше запрашан дали е вистина дека Феран Торес го напушта клубот и оди во Барселона.
„Да, Феран Торес е блиску до Барселона. Тој е од Шпанија, Барселона го сака него, тој рече дека сака да си оди, јас му реков оди си. Му се јавив на Чики Бегеристан, неговиот агент направи договор и тој си оди. Сакам фудбалерите да бидат среќни“, одговори Гвардиола.
„Доколку не сте среќен, треба да си одите. Ние не сме клуб како другите па кога некој сака да си оди директорот или претседателот да речат не“.
„Доколку Феран сака да си оди и да оди во Барселона, нема никаков проблем, јас сум среќен за него“.