Интер ја имаше
својата шанса, но, не ја искористи истата, Тотенхем иако ремизираше на
гостувањето кај Барселона, Интер одигра исто така реми пред своја публика
против Интер, па на крајот се задоволи со третото место во својата група кое
води во Лига Европа.
Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има свое мислење во однос на
елиминацијата на Интер, италијанскиот прволигаш го посочи како пример дека,
доколку еден ден преспиете барем малку, ќе се најдете во второто по ранг
европско клупско натпреварување.
„Големи,
навистина големи екипи се веќе елиминирани. Интер е голема екипа и тие се во
Лига Европа, многу, толку добри екипи ќе бидат таму“ изјави Гвардиола.
„Доколку еден ден
заспиете барем малку, вие ќе се најдете во Лига Европа, затоа јас сум среќен
поради тоа што се пласиравме во последните 16 од Лигата на шампионите“ заклучи
тренерот на англискиот првак.
За разлика од
Интер, Манчестер Сити, иако не толку убедливо покрај конкуренција како Лион,
Шахтер и Хофенхајм, го освои првото место во својата група, со 13 бода, односно
четири победи, и по едно реми и пораз.