122
Манчестер Сити вчера со десет играчи направи пресврт во Гелзенкирхен и го победи Шалке со 3-2. Но Гвардиола смета дека тие не се на нивото да бидат конкурентни за трофејот од Лигата на шампионите.
„Резултатот е невеојатен, три голови на гостински терен, но примивме голови и добивме црвен картон“, вели Гвардиола.
„Мислам дека на ова ниво немаме шанса. Се уште не сме подготвени да се бориме за Лигата на шампионите. По црвениот картон можеби ако тие притиснеа повеќе ќе ни дадеа и трет или четврт гол и ние ќе бевме елиминирани“.
„Се уште не е готовор. Се надевам дека фановите ќе ни помогнат во реваншит и ќе бидеме подобри“.