72
Гвардиола вели дека секогаш следниот меч е најважниот меч. Клуб Бриж е минато, фокусот комплетно е насочен кон Манчестер јунајтед.
„Луѓето ми велеа дека овој меч против Бриж бил поважен од оној против Манчестер јунајтед и беше. Но сега најважен натпревар е Манчестер јунајтед“, вели Пеп Гвардиола.
Запрашан дали му пречи тоа што мечот е во сабота од 13:30 часот, па неговиот тим нема многу време за одмор, Пеп рече:
„Но. Ако требаше да се игра утре, ќе игравме утре. Распоредот е таков каков што е, некогаш играме во вторник, некогаш во петок. Понекогаш во 13:30, некогаш во 18:30. Прилично сум сигурен дека во сабота во 13:30 ќе бидеме на Олд Трафорд“.