187
Манчестер Сити денеска го игра реваншот од четвртфиналето во ЛШ против екипата на Борусија Дортмунд.
Сити се уште теоретски не е шампион на Англија, но веќе го завери пласманот во Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола кој вообичаено е скромен, овој пат реши да го пофали својот клуб.
„Ние веќе сме првиот тим кој се квалификувал за следната сезона во ЛШ. Па веќе 11 години по ред Сити ќе биде дел од Лигата на шампионите. Ниту еден тим од Премиерлигата не успеал 11 сезони по ред да игра во ова натпреварување, и тоа е фантастично за нас“, вели Гвардиола.