Гвардиола се пофали и самиот себеси: Вечерва тренерот беше многу паметен

by
1 минути читање

Манчестер Сити успеа да го пробие бункерот на Атлетико Мадрид и со 1-0 да ја добие првата четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите.

„Многу сум задоволен од резултатот. Игравме против еден многу силен тим, беше неверојатно тешко, но остваривме добар резултат. Имавме шанси да постигнеме и некој гол повеќе“, вели Гвардиола.

Клучни беа замените кои ги направи Гвардиола, брзо по влегувањето на Фоден, Жесус и Грилиш, беше постигнат голот.

„Момците играа добро, знаевме дека Жесус и Фоден имаат посебна енергија, а Грилиш квалитет да ја задржи топката. Да, денеска тренерот беше многу паметен“, си се пофали Пеп.

„Видовте дека не е лесно кога за противник имате тим со толку многу искуство во Лигата на шампионите. Сега одиме во Мадрид да се обидеме повторно да победиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×