Гвардиола се одзва за „војната“ со Стерлинг

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги демантираше шпекулациите
дека има проблеми во односите помеѓу него и Рахим Стерлинг, а предводникот на „Граѓаните“
инсистира на тоа дека сосема е нормално фудбалерите да не бидат среќни во ситуација
кога не се во тимот.

Стерлинг
отсуствуваше во победите против Фулам и Саутемптон, а последниот меч го одигра
во поразот од Манчестер јунајтед, тој отпатува со англискиот тим за реваншот со
Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, а Гвардиола уверува дека не
постои никаков проблем помеѓу него и фудбалерот.

Тој патува со
тимот, целиот тим патува за Будимпешта за мечот во Лигата на шампионите
“ рече
Гвардиола за „Скај Спортс“ запрашан дали постои проблеми во односите помеѓу
него и Стерлинг.

Морам да
издвојам дека секогаш фудбалерите реагираат коректно, истото важи и за Рахим

додаде тој, а потоа беше прашан и каква била реакцијата на Стерлинг при
изоставувањето од мечот со Фулам.

Не очекувам тие
да бидат среќни во такви ситуации, говорам за момците кои не играат и кои не се
селектирани во составот, тоа е сосема нормално, тоа секогаш се случува, а
воедно и ќе се случува, Рахим е мошне важен фудбалер во нашиот тим, а сите
фудбалери ги почитуваат моите одлуки, во мојата кариера во 40 години никогаш не
сум видел некој фудбалер среќен, а да не биде во составот, тоа никогаш не се
случило, но моите фудбалери реагираат коректно, односот е одличен
“ заклучи
Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани