Симоне Инзаги официјално стана најплатениот тренер на светот откако стави потпис на двегодишен договор со Ал-Хилал вреден 25 милиони евра по сезона. Саудискиот гигант му понуди бројки кои ниту Интер не можеше да ги доближи, па по освојувањето на Серија А, Италијанецот избра арапска авантура и го симна Пеп Гвардиола од врвот на листата.
Гвардиола, кој неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити, добива 23 милиони евра по сезона, а веднаш зад него е неговиот поранешен асистент – Микел Артета. Стратегот на Арсенал заработува 18.5 милиони евра и го дели третото место со Стефано Пиоли, кој неодамна се пресели во Ал-Наср.
Во топ 10 се најдоа и Луис Енрике, Унаи Емери, Жозе Мурињо, како и уште тројца тренери кои работат во саудиската лига – показател дека клубовите од Заливот продолжуваат да вложуваат и во стручен кадар, не само во играчи.
Најплатени тренери во светот:
- Симоне Инзаги (Ал-Хилал) – 25 милиони
- Пеп Гвардиола (Ман. Сити) – 23 милиони
- Микел Артета (Арсенал) – 18.5 милиони
- Стефано Пиоли (Ал-Наср) – 18.5 милиони
- Дејвид Моис (Евертон) – 15 милиони
- Диего Симеоне (Атлетико) – 13 милиони
- Луис Енрике (ПСЖ) – 11.5 милиони
- Матијас Јајсл (Ал-Ахли) – 11.5 милиони
- Жозе Мурињо (Фенербахче) – 11 милиони
- Унаи Емери (Астон Вила) – 10 милиони