Пеп Гвардиола знае дека топ 5 финиш на Манчестер Сити е еднакво на трофеј, па полуде од радост кога Матеуш Нунеш ја затресе мрежата на Астон Вила во 94. минута и донесе важна победа од 2-1.
„Граѓаните“ доминираа во Премиерлигата изминативе сезони, станаа првиот тим кој четири години по ред е шампион на Англија, но оваа сезона играат далеку под очекувањата.
Наместо да водат битка со Ливерпул за титулата, момците на Пеп Гвардиола во последните пет кола ќе се надигруваат со Нотингем Форест, Њукасл, Челси и Астон Вила за топ 5 финиш и место во Лигата на шампиони.
Синоќа на Етихад имаа клучен натпревар со директен ривал и кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, Манчестер Сити со гол во 94. минута стигна до важна победа, херој на домаќините беше Матеуш Нунеш, кој оваа сезона принудно игра како десен бек.
Incredible. pic.twitter.com/6IWLKHSuck
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
Летото во 2023, „граѓаните“ инвестираа преку 60 милиони евра во ангажман на Португалецот, кој требаше да биде големо засилување за средниот ред и замена за Родри.
Но и како многу други, тој не ги исполни високите стандардни на Пеп Гвардиола за оваа позиција, неодамна тренерот на Манчестер Сити изјави: „Мислам дека Матеус Нунеш не е за фудбалер од средниот ред, не е доволно паметен и ја нема потребната смиреност“.
Португалецот синоќа сепак умееше да се позиционира на правото место и да донесе три бода, а Пеп Гвардиола да полуде од радост покрај аут линија и да слави како да освоиле трофеј.
Pure emotion 🩵
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
🫡 @PepTeam pic.twitter.com/PbIfedwd2w