Гвардиола: Нема да се извинам за тоа што го изјавив

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по мечот со Лајпциг во Лигата
на шампионите каде неговите избраници славеа со 6-3 ги повика навивачите да
дојдат во што е можно поголем број за мечот со Саутемптон во петото коло од
Премиерлигата.

Сепак, неговата
изјава не беше „добредојдена“ за поголемиот дел навивачи на „Граѓаните“, па
така Кевин Паркер, генералниот секретар на официјалниот навивачки клуб на
Манчестер Сити истакна дека Гвардиола непотребно ја довел во прашање лојалноста
на навивачите, сепак, предводникот на англискиот првак нема намера да се извини
за тој гест.

Дали по мечот со
Лајпциг реков дека сум разочаран бидејќи стадионот не беше во целост исполнет
до последното место?
“ праша Гвардиола.

Нема да се
извинам за тоа што го изјавив, тоа што кажав се однесуваше на тоа дека
ние би сакале, но и потребна ни е
поддршката
, не е важно колку
навивачи би дошле да не поддржат, но јас ги повикувам да дојдат во што е можно
поголем број и да уживаат во натпреварот бидејќи потребна ни е нивната поддршка

додаде предводникот на „Граѓаните“ кој подвлече дека е благодарен на поддршката
за мечот со Лајпциг.

Во целост сум
благодарен за поддршката која ја имавме на мечот со Лајпциг, никогаш ги немам
зборовите да прашам зошто луѓето не доаѓаат, доколку не можат, во тој случај
секако нема да дојдат, а доколку посакуваат да дојдат, тогаш тоа е задоволство

подвлече Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×