Гвардиола не заборава: Бернардо беше тука кога не победувавме, кога сите беа уморни – тој трчаше 30 километри!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, уште еднаш посочи колку му значи Бернардо Силва, фудбалерот што никогаш не ја изгуби својата енергија и посветеност – дури и во најтешките моменти од сезоната.

Сити во еден дел од сезоната имаше резултатска криза, не победуваше со недели, а многумина беа далеку од своето најдобро ниво. Но, Гвардиола не го заборава оној кој остана стабилен, кој трчаше, се бореше, иако и самиот беше на работ на психичка и физичка исцрпеност.

„Бернардо Силва, тоа што го направи за нас оваа сезона… Не заборавам! Не заборавам на ноември, декември, јануари, февруари, март – кога не победивме ниту еден натпревар, а тој секогаш беше тука“, изјави Гвардиола.

„Трчаше 30 километри во сите насоки, играше на различни позиции, трчаше постојано… Дојде момент кога беше празен, ментално. И потоа, кога не победувавме натпревари, беше изморен, испразнет“.

„Но Бернардо, на важните натпревари, има неверојатно голем карактер“, заврши Пеп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани