Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола низ шега искоментира дека
Ливерпул е една од ретките екипи кои би можеле да го сопрат неговиот тим за
титулата во Лигата на шампионите, бидејќи, како што самиот тој вели, „Редсите“
им се ‘жива напаст’.
„Ливерпул, тие се
на само шест бода зад нас во Премиерлигата, Ливерпул ни е најголемиот ривал
изминативе неколку сезони, секогаш се тука“ рече Гвардиола на прашањето која е
екипата која во моментов би можела да ги победи „Граѓаните“ во Европа, а потоа
отиде и чекор подалеку во својата изјава.
„Тие се жива напаст, постојано, тие се фантастична екипа во Европа“ додаде предводникот на
Манчестер Сити по победата од 0-5 на гостувањето кај Спортинг Лисабон во првата
пресметка со таа екипа во осминафиналето од Лигата на шампионите.