226
Голем број на извори синоќа пренесоа дека Барселона го идентификувала Ферен Торес од Манчестер Сити како идеално засилување за офанзивата, одредени медиуми пишуваа дека „каталонците“ веќе се договориле со Шпанецот.
Последните информации велат дека Пеп Гвардиола нема да прави проблеми и дал зелено светло за трансфер доколку двата клуба пронајдат заеднички јазик за условите под кои ќе се реализира зделката.
Барса сега треба да седне на маса со Манчестер Сити и преговорите нема да бидат лесни поради финансиските проблеми на „каталонците“. Идејата е Феран Торес да биде ангажиран во јануари по можност на позајмица.