Гвардиола испрати порака до пијаниот Грилиш: Не можам да гарантирам дека…

by bojan
1 минути читање
Грилиш

Пеп Гвардиола вели дека не може да гарантира дека Џек Грилиш и следната сезона ќе биде дел од Манчестер јунајтед, но инсистира дека главен фактор зад одлуката ќе бидат настапите на фудбалерот, а не неговиот приватен живот.

Минатиот викенд, Џек Грилиш повторно се најде во вентарот на вниманието откако беше забележан како се забавува во неколку пабови и на крајот беше уловен како излегува од еден локал со шише во раката.

Англичанецот е рекордно засилување на Манчестер Сити, за него беа платени 100 милиони фунти, па Пеп Гвардиола беше запрашан што мисли за ваквото однесување на својата ѕвезда.

„Видете, слободен ден е слободен ден, нема тренинг. Фудбалерите имаат приватен живот и можат да прават што сакат. Немам намера да им го контролирам приватниот живот. Јас ги оценувам на основа на она што го гледам на терените, на тренинзите и перформансите кои ги ги прикажуваат“ – вели тренерот на „граѓаните“.

Неодамна Пеп Гвардиола посочи дека Манчестер Сити оваа сезона има проблеми поради тоа што во составот има многу играчи кои поради разни причини не можат да играат на врвно ниво на секои три дена.

Се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе има голема чистка и името на Џек Грилиш се споменува како еден од фудбалерите кои ќе бидат продадени.

„Во моментов тој е фудбалер на Манчестер Сити, но не знам што ќе се случи, не можам да гарантирам дека Грилиш ќе биде тука и следната сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани