Гвардиола го погоди засилувањето: Диаш е првот дефанзивец по 32 години прогласен за Фудбалер на сезоната

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола потроши огромно богатство на дефанзивци во Манчестер Сити, последното засилување беше и рекордно, пристигна Рубен Диаш за 71 милион евра.

Сепак, ова зделка се покажа како полн погодок, Португалецот донесе стабилност во последниот ред а „граѓаните“ имаат одлична сезона во која стигнаа до титула во Премиерлигата, Лига Купот и ќе играат финале во Лигата на шампионите.

Признание за добрите игри на Рубен Диаш пристигна денеска, тој е прогласен за Фудбалер на сезоната во Премиерлигата во изборот на новинарите.

Ова е големо постигнување, ниту еден дефанзивец не ја добил оваа престижна награда во последните 32 години, последен кој добил вакво признание е Стив Никол во 1989 година. Рубен Диаш исто така е само третиот фудбалер кој во својата прва година во Премиерлигата е прогласен за Фудбалер на сезоната по Јирген Клинсман (1995) и Џанфранко Ѕола (1997).

„Ова е голема привилегија, ммногу сум среќен. Немаше да успеам без помошта на тимот, па сите ја заслужуваат оваа награда. Само поради нив, јас како дефанзивец, успеав да стигнам до ова признание“ – изјави Диаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×