Гвардиола е фрустриран од лошата реализација по ремито со ВБА: Кога ќе шутнеш 26 пати, треба да дадеш неколку гола!

by
1 минути читање

Манчестер Сити особено доминираше во вториот дел, имаше 26 обиди од кои седум во рамките од голот, но постигна само еден погодок.

„Не креиравме многу во првиот дел, тие се бранеа со многу играчи, додека во второто полувреме едноставно не можевме да погодиме“, вели Гвардиола.

„Креиравме доволно за да го добиеме натпреварот, мислам дека имавме 26 шута, треба само да ја сместиш топката внатре. Не успевавме да го направиме тоа. Но мора да бидеме оптимисти дека ќе се промени“.

„Не треба да си премногу паметен за да видиш дека оваа година имаме освоено помалку бодови од лани. Не е до самодовербата, Серхио Агуеро е повреден четири месеци, но креиравме доволно шанси, едноставно не можеме да дадеме гол“.

„Не е далеку врвот на табелата, но едноставно мора да победуваме вакви натпревари како овој против Вест Бромвич на домашен терен. Има уште многу мечеви до крајоот. Ситуацијата е луда за сите. Заслуживме да победиме но не победивме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×