335
Пеп Гвардиола претходно најави дека веројатно Манчестер Сити ќе биде неговиот последен клуб во тренерската клупска кариера, но потоа сака да се проба и како селектор.
Неговиот договор со Манчестер Сити истекува по крајот на идната сезона и веројатно нема да продолжи.
Новите гласини велат дека Холандија подготвува да му го понуди селекторското место кога ќе ја заврши клупската кариера.
Оваа понуда би можело да биде интересна за Пеп од неколку причини, една е поради неговиот „фудбалски татко“ Јохан Кројф, потоа поради офанзивниот и атрактивен фудбал кој се негува во оваа земја како и поради талентираната генерација која ја имаат лалињата.