Гвардиола: Агуеро ќе игра во Барселона заедно со најдобриот на сите времиња, Лео Меси

by
1 минути читање

Со недели се
пишува дека Кун Агуеро ќе биде прво засилување за Барселона ова лето, се верува
дека Аргентинецот има договорено двегодишна соработка со „каталонците“ и неговото
пристигнување значи дека Лео Меси ќе остане.

Ваквите гласини
сега добија потврда, Пеп Гвардиола откри дека Кун Агуеро е на добар пат да се пресели во Барса и да игра покрај Лео Меси.

„Ќе ви откријам
тајна, Агуеро е многу блиску до постигнување договор со клубот од моето срце,
со Барселона. Ќе игра заедно со најдобриот на сите сите времиња, Лео Меси. Сигурен
сум дека ќе ужива на теренот и ќе ја направи мојата Барселона посилна“
– изјави тренерот
на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×