Реал Мадрид беше
посрамотен на свој терен откако загуби убедливо со 0-4 од лутиот ривал
Барселона, а поранешниот фудбалер на „Кралевите“, Гути посочи дека оние кои не
сакаат да играат за клубот од Мадрид, едноставно не треба да бидат таму.
„Реал Мадрид не
може да игра со 12 или 13 фудбалери, голем тим кој сака да се натпреварува на
повеќе фронтови како во Европа, така и во домашното првенство не може да биде
само со 14 фудбалери, што се случува со тимот?“ запраша Гути.
„Тој што не сака
да игра, едноставно не треба да биде во Реал Мадрид, тоа е толку едноставно,
клубот треба јасно да им порача на сите фудбалери дека кој не сака да игра,
едноставно треба да си замине“ порача поранешниот фудбалер на „Кралевите“, а за
него особено беше чудно кои ѕвезди беа на клупата кај домаќините.
„Реал Мадрид ги
плаќа, како можат да не играат? Најчудна ми беше ситуацијата од тоа што
Анчелоти на клупата ги има Азар, Јовиќ, Иско… А некој ми вели дека не
можам никој од нив да ставам во игра? Збунет сум, првата замена Реал Мадрид ја
направи со Мариано Диаз, како е можно тоа? Клубот не смее да си го дозволува
ова“ подвлече Гути кој во 16 години минати во мадридскиот клуб запиша 416 настапи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.