Гундоган за дефанзивецот против кој најтешко се игра: Ве гребе, ве штипе…

by
1 минути читање

Во разговор со Билд, Илкај Гундоган говореше за дефензивците против кои најтешко се игра. Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити го посочи Јери Мина од Евертон, открива дека Колумбиецот гребе и штипе кога судијата не гледа.

„Би го споменал и Јери Мина од Евертон. Цврст дефанзивец од Колумбија. Ги користи рацете во дуели, ќе ве гребе по грбот или ќе ве штипе кога судијата не гледа. Го имам приметено како го прави ова во неколку наврати“ – вели Гундоган.

„Но не е валкан играч. Го прави ова со насмевка на лицето, на пријателски начин па имате симпатии за неговите постапки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани