Поранешниот
легендарен фудбалер на Милан, Руд Гулит верува дека дефанзивецот на Јувентус,
Матијс де Лихт би можел да биде од голема помош за Баерн Минхен, а тврди и дека
напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд треба да му се приклучи на
Ливерпул.
„Матијс научи
многу во Јувентус, а би можел да биде од големо значење во играта на Баерн
Минхен“ рече Гулит за „Билд“.
„Што се однесува
до Халанд, него го гледам во Англија, меѓутоа сметам дека нема да потпише за
Манчестер јунајтед, за него добар клуб би бил Манчестер Сити најмногу поради
Пеп Гвардиола, меѓутоа Јирген Клоп и Ливерпул се чини како најдобрата опција за
него, тоа што Јирген го стори со тој клуб е неверојатно, секогаш е гладен за
успеси, а тоа се совпаѓа со карактерот на Халанд“ додаде тој.
Баерн Минхен и
Челси се помеѓу главните фаворити за услугите на Де Лихт, а што се однесува пак
до Халанд, познат е големиот интерес за напаѓачот, па Гулит го советува да
потпише за Ливерпул, кој исто така се споменува помеѓу заинтересираните
клубови.